По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Народниот правобранител – Тим за мониторинг на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, заедно со партнерските организации кои се дел од Националниот мониторинг механизам, денеска на прес-конференција ќе ги промовираат согледувањата во врска со остварување на правото на образование на знаковен јазик на учениците со оштетен слух кои учат во Државниот училишен центар за образование и рехабилитација „Партениј Зографски“-Скопје.

Воедно ќе бидат објавени и препораките на Народниот правобранител, кои ќе бидат доставени до Министерството за образование и наука, со цел изнаоѓање на системско решение за унапредување на наставата на знаковен јазик на учениците со оштетен слух.