Фатима Алас (38), проститутката од Јордан која наводно ширела ХИВ по Србија, уапсена е денеска.
Како што се дознава, таа добила 20 дена затвор и префрлена е во женскиот затвор во Пожаревац.
Инаку Фатима минатата година во август стигнала во Србија, а до пред еден месец престојувала во Прифатниот центар за мигранти во Кикинда.
-Кон средината на мај, таа го напуштила кампот и отишла во Суботица, а потоа завршила во Белград. Се претпоставува дека со проституција се занимавала во Суботина, Кикинда и Белград, но се уште не е познато колку луѓе заразила. Никој во овој момент не може да ги оцени размерите на заразата и прашање е кој од нејзините клиенти во меѓувреме имал односи со други лица- вели изворот од истрагата.
Таа ординирала во паркот кај Економскиот факултет и во околината на Главната автобуска станица. Наводно имала по пет клинети дневно.