Предупредувачки штрајк на првиот училишен ден. Синдикатот за образование , наука и култура пресече, новата учебна година ќе почне со штрајк на просветните работници, притисокот е голем, платите се мали, договор со власта нема. Мора да има штрајк.
Неделков потенцира дека најавените 5 посто за покачување на платите за во Септември не ги задоволува барањата на наставниците а додека нивната мотивираност од ден во ден опаѓа. Неделков вели дека доколку и понатаму Владата и Министерството за образование продолжува да ги негира нивните барања, штрајкот како механизам ќе го искористат и следните месеци. И Независниот синдикат за образобание и наука смета дека просветните рабоитници може да се изборат за повисоки плати, но со заедничка борба. Барањата на просветните работници и според нив се јасни и нема отстапување.
Родителите пак во недоумица. на неколку дена пред стартот на новата учебна година, дали да ги подготвуваат децата или да им објаснуваат зошто нема да поочнат со настава. и тие се уверени дека за својот труд наставниците треба да бидат соодветно платени.
Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, го повика членството на СОНК на дополнителни преговори, со ветување дека во иднина ќе има ново зголемување на платите. Но и денешните преговори завршија безуспешно.