Француските ученици зависни од мобилните телефони ќе мора да преживеат без нив од септември, бидејќи нацрт-законот што го одобри министерот за образование, Жан-Мишел Бланкер го претстави како „мерка на детоксикација” за новите генерации кои се се позависни од мобилните

Претседателот Емануел Макрон, чија партија има убедливо мнозинство во Националното собрание, се надева на брзо усвојување на мерката во парламентот за на време да биде воведена пред следната академска година во септември.

Основни училишта без мобилни телефони е едно од предизборните ветувања на Макрон. Повеќе од 90 проценти од француските деца на возраст од 12 години и повеќе имаат мобилни телефони.

Оваа француска иницијатива предизвика дискусии и во други земји како Велика Британија и Ирска, кои почнаа да размислуваат за слични мерки.

„Мобилните телефони се технолошки напредок, но не смеат да го монополизираат нашиот живот“, рече францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланкер за телевизискиот канал ЛЦИ њуз.

„Не можете да се снаоѓате во технолошкиот свет ако не знаете да читате, пишувате, сметате, да ги почитувате другите и да работите во тим“, додаде тој.