Центарот за Јавно здравје Кавадарци, денеска информира дека жена на возраст од 50 години, вработена во германската фабрика Дрекселмаер е позитивна на Ковид-19. Ова е прв случај на Ковид-19 во големата германска фабрика за производство на кабелски сетови за автомобилската индустрија. Инаку фабриката претставува еден од најголемите работодавачи во тикквешкиот регион.
Заболената немала симптоми, а се сомнева дека е инфицирана од друго место. Таа била на преглед во приватна болница поради друга здравствена состојба и во склоп на процедурите на болницата и бил направен серолошки тест кој детектирал вирусно збаолување. Потоа и бил земен брис, а резултатот покажал дека е инфицирана од коронавирус.
Од Центарот за јавно здравје Кавадарци информираат дека жената десет дена не одела на работа, а во тек е утврдувањето на контактите на истата. Во фабриката се почитувале сите мерки за заштита, биле поставени пунктови за дезинфекција, се дезинфицирале и просториите, а вработените имале доволна оддалеченост помеѓу себе. Пациентката се сомнева дека била инфицирана од нејзиниот сопруг кој е шофер, велат од Центарот.