Првата пациентка заболена од коронавирусот во Македонија, денеска ќе биде испуштена од Инфективната клиника и ќе продолжи на домашно лекување.
За оваинформираше министерот за здравство Венко Филипче кој истакна и дека сите луѓе кои со неа се возеле во автобусот и членовите од фамилијата со кои контактирала се тестирани и тие се негативни на коронавирусот.
Министерот во Утрински брифинг, посочи и дека таа е тестирана за коронавирусот и била негативна, по што следувал уште еден, контролен тест, кој исто така бил негативен.