Гркинка на 36-годишна возраст, која неодамна патувала во Италија е четвртиот потврден случај на коронавирусот во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Министерството за здравство на Грција, жената е во добра здравствена состојба и е во изолација во атинска болница.