Регистрирани нови 108 заболени и двајца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-18, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-4, Велес-4,…

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-18, Дебар-1, Штип-11, Прилеп-3, Тетово-2, Струга-4, Велес-4, Гостивар-9, Струмица-2, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти од: Скопје- 32, Дебар-1, Штип-20, Прилеп-4, Тетово-4, Велес-3, Битола-5, Гостивар-11, Кочани-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-8, Свети Николе-9, Кичево-12.

Починати се двајца пациенти од Куманово (64г и 72г), во болнички услови.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 73 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.


Related Articles