Лимонадата со лаванда е природен лек за главоболка и помага во обновувањето на рамнотежата на телото. Се прави од сушени цветови од лаванда или од нејзиното есенцијално масло.

Оваа лимонада не само што освежува во текот на летото, туку и ги опушта сите сетила. Особено е корисна за луѓето кои страдаат од главоболки предизвикани од промените на времето, бидејќи може да ги смири симптомите и да помогне во рамнотежата на телото.

Цветовите на лавандата се богати со есенцијални масла кои содржат повеќе од 150 активни состојки, кои имаат антибактериски, антигабични и антиинфламаторни својства. Тие исто така помагаат во намалување на стресот, го регулираат крвниот притисок и делуваат како аналгетици и седативи.

Истражувањата покажаа дека етеричното масло од лаванда може значително да помогне во намалувањето на стресот, па затоа се користи во некои познати болнички центри како дел од ароматерапијата пред операциите.

Состојки:

1/4 чаша сушени цветови од лаванда (по можност органски) или една капка есенцијално масло од лаванда
6 лимони, излупени и исцедени
чаша мед
5 чаши вода

Подготовка:

Сварете половина од водата и тргнете од оган. Додадете мед и лаванда во водата. Оставете да отстои 20 минути, па процедете и истурете во поголем сад. Додадете сок од лимон, остатокот од водата и добро измешајте. Добро изладете ја лимонадата.