Вистинскии башибозук се случувал на Клиниката за дерматологија во 2023-та, во време на владеењето на СДСМ/ДУИ, кога нивни кадри раководат со Клиниката, ФЗОМ и Санитарниот и државен инспекторат.

„Утврдени се повеќе слабости кои се однесуваат на управување со лековите за ретки болести на клиниката. Потребните лекови од добавувачите преку Програмата за ретки болести ги набавува и нарачува министерството за здравство, каде е воспоставен електронски регистар за нивно евидентирање. Утврдено е дека нема сметководствена евиденција на примените и потрошени лекови за ретки болести и не е направен попис на истите. Во текот на 2023 година се примени лекови во износ од 37.434.000 милиони денари, а во интерните рачни евиденции на клиниката се прикажани издадени лекови во износ од 27.394.000 милиони денари, што е помалку за 8.843 милиони денари во однос на евидентираните во регистарот“, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Слабости во управувањето со лековите за ретки болести на Клиниката, финансиското управување и недостиг на ефикасност во реализацијата на договорените здравствени услуги. Ова се нотирани заклучоци во извештајот на ДЗР за Универзитетската клиника за дерматологија за 2023 година.

Ревизорите, се наведува во извештајот, изразиле неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2023 година за сметката за средства од фондот.

Во текот на ревизијата бил направен попис и биле побарани податоци од пациентите за видот и количината на лекови кои ги имаат подигнато од Дерматологија.

„Утврдено е дека пациентите располагаат со лекови во вредност од 31.748.000 милиони денари од кои 39 отсто се со изминат рок“, се додава во извештајот.

Обемот на услуги на Дерматологија во 2023 година се намалил за помалку од 1.000 во однос на 2022 година, но договорениот надоместок од ФЗОМ се зголемил за, речиси, три и пол милиони денари, се нагласува во извештајот на ДЗР.