Здружението „Храбро срце“,  формирано од пациентите со механичка потпора на срцето и нивните поддржувачи бараат властите да ги изедначи сите луѓе кои се соочуваат со ваква состојба и согласно искуствата во другите земјите да го покриваа пост-оперативниот процес. Од Здружението потенцираат дека Фондот за здравствено осигурување го покрива  оперативниот процес, односно вградувањето на механичките, циркулаторни помагала-пумпи за срце, но нема никаква помош околу набавка на материјалите за одржување на пумпите и здравствената кондиција на пациентите особено за оние кои операциите ги имаат направено во странство или во приватни ординации.

– По поставување на пумпите животот и извршувањето на секојдневните функции со помош на овие помагала е далеку поразличен од регуларниот начин на живот. Потребно е редовно мерење на коагулацијата на крв со апарат кој чини околу 1000 евра, потоа ленти за тој апарат и слично.  Бидејќи секој пациент има отворена рана во пределот на стомакот потребна е редовно одржување на хигиена со специјални стерилизирани материјали, сетови за преврски,како и лекови и средства со антисептичко својство. Материјалите и апаратите се преку потребни за одржување на еден нормален пост-оперативен процес, кој трае и ќе трае, а ги подмируваме од сопствени финансии, велат од Здружението.

Кога станува збор за рутинските контроли и дополнителните прегледи, постои поделба помеѓу пациентите, односно членовите на нашето здружение наведуваат од „Храбро срце“.

– Пациентите оперирани во државна клиника не плаќаат ништо, оперираните во странство делумно им рефундира Фондот, а додека оперираните пациенти во Жан Митрев се си плаќаат од свој џеб. Оперираните во државните установи еднаш неделно може да одат за преврски и мерење на коагулација на крвта.  Зарем другите не сме ние осигуреници на оваа држава Зарем треба да молиме за нашите права да бидат остварени?? Кој е тој што има обврска да ја помогне нашата ситуација и дали ќе продолжиме самостојно да го носиме сиот финансиски терет. Веќе четири месеци чекаме одговор од Фондот за здравствено осигурување, велат од Здружението.