На денешното судско рочиште за малата Тамара од Велес, сведочеа Розета Босилкова, специјалист педијатар, и Татјана Атанасова претсавник од Здравствен дом од Велес. Розета рече дека и била матичен лекар на Тамара, а во судот дојде со здравствениот картон на Тамарам, јавува репортерот на ТВ21 од Судница.
Босилкова рече дека последната евиденција е на 19.08.2014 година и тогаш е земен упат за Клиника за ортопедија. За нејзината смрт дознала од медиумите. Починатата во болницата во Велес била донесена како итен случај, а од обдукцијата Босилкова дознала дека причината за смртта е пневмонија.
Атанасова објасни дека во болницата било донесено девојче 10 години без знаци на живот. Анестезиологот Станиша Стојнев го примил, заедно со педијатар Зораци Ковачева.
„Детето беше аспирирано, интубирано и реанимирано по протокол во време траење од 45 минути“, рече Атанасова и додаде:
„Од страна на нашиот оддел не беше издадена посмртница, туку само изјави, и се чекаше на резултат од аутопсија. Обидите не беа успешни бидејќи било донесено без знаци на живот. Не дишело и имало обилно повраќана маса, слуз, лиги. Не можам да кажам дали итната медицинска помош веднаш реагирала, но од исксутво знам дека веднаш реагираат“, изјави Атанасова.
Третиот сведок Јован Грковски не беше присутен за сведок. Екс министерот за здравство Никола Тодоров беше повлечен од сведок, иако мајката на Тамара не се согласува Тодоров да биде повлечен од сведок.
Рочиштето продолжува на 27. јануари, а следен сведок ќе биде Викторија Чаловска.