САД потврдија речиси милион нови случаи на коронавирус во текот на едно деноноќие

САД потврдија речиси милион нови случаи на коронавирус во понеделникот, што е најмногу во светот и речиси двојно поголем од бројот постигнат минатата недела, додека високо заразната варијанта омикрон не…

САД потврдија речиси милион нови случаи на коронавирус во понеделникот, што е најмногу во светот и речиси двојно поголем од бројот постигнат минатата недела, додека високо заразната варијанта омикрон не покажува знаци на забавување. Бројот на хоспитализирани пациенти е зголемен за речиси 50 отсто во изминатата недела и сега изнесува над 100.000, објавија американските медиуми.

Во текот на изминатата недела, просечниот број на новозаразени изнесувал 486.000 дневно, а тој број е двојно зголемен за седум дена. Меѓу 978.856 новозаразени во понеделникот, се наоѓаат и некои случаи од саботата и неделата, бидејќи многу држави не известуваат за време на викенди. Просечниот број на смртни случаи од Ковид-19 во САД сè уште е прилично стабилен и се движи околу 1.300 дневно.

Според податоците на Американската академија за педијатрија и Здружението на детски болници, минатата недела се регистрирани повеќе од 325.000 заразени деца, што е речиси двојно повеќе од пред две недели.

Здравствените власти нагласуваат дека вакцинациите и дополнителните дози остануваат најдобриот начин да се избегнат тешките форми на болеста. Дополнително, администрацијата двојно ја зголеми нарачката за антивирусен лек на Фајзер против Ковид-19.


Related Articles