Ентони Бурден напознатиот кувар и телевизиска личност почина на 61. годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, познатиот кувар и писател извршил самоубиство со бесење.
- Со огромна тага ја потврдуваме смртта на нашиот близок пријател и колега Ентони Бурден. Неговите таленти никогаш не престанаа да не фасцинираат и многу ќе ни недостасува. Нашите мисли и молитви се со неговата ќерка и семејстовто во вака неверојатното тешко време, потврди Си Ен Ен.
Како што пренесува Си Ен Ен, Ентони се наоѓал во Франција, каде работел на својата емисијата, а го пронашол пријател, францускиот кувар Ерик Рипер како без реакција лежи во хотелската соба.