Поради раст на бројот на ново заразени со корона вирусот во проширен состав заседаваше Комисијата за заразни болести. Информациите се дека присуствувале претставници на МВР, директори на здравствени центри, епидемиолози и други лица и институции за кои се смета дека можат да придонесат во борбата против вирусот. Според информациите на Алсат, се предлагаат заострување на мерките. Инсистиравме за изјава, но дел од членовите на постојаната Комисија за заразни болести ни соопштија дека конечна одлука денеска ќе нема.
На состанокот кој е зад затворени врати, освен враќањето на полицискиот час ќе се разговара и за можно карантинско затворање на одредени региони во земјава. Како една од точките е и повторно затворање на угостителските објекти, а ќе се разговара и за други ригорозни мерки кои се најавува да стапат уште следниов викенд.
Потврда дека на состанокот се зборува за воведување дополнителни ригорозни мерки добивме од министерот за внатрешни Наќе Чулев.
„Засилени се контролите за носење маски. На дневна основа имаме околу 500 прекршочни глоби за не носење заштитна опрема. Засилени се контролите во угостителските објекти“, рече Чулев.
Според информациите до кои дојдовме, до утре треба да се донесе и одлука дали ќе се забрани и одење на петочната молитва во џамиите позната како Џума, но и забрана за одење на гробишта поради христијанскиот празник Духовден.