На огласот за лекари од општа пракса објавен од Општата болница во Велес каде беа примени последно рангираните, меѓу нив е и сестрата на лидерот на СДММ во Велес, Велимир Арсов. Вера Арсова Митреска која од десет кандидати е седмо рангирана е примена на огласот за општи лекари.
Лекарската фела реагираше поради фактот што наместо да се примат кандидатите кои имаат најмногу бодови, се примија пет доктори кои имаат помалку бодови, а меѓу нив и последно рангираниот.
Ова како што велат не е прв ваков случај.
-Сомнежите се покажаа и како основани бидејќи се виде дека меѓу примените е и сестра на функционер на подмладокот на СДСМ, вели нашиот извор.
Наместо првите пет лица од десет кои конкурираа на огласот за лекари од општа пракса објавен од Општата болница во Велес се примија четвртиот, петиот, седмиот, осмиот, како и полседно рангираниот десеттиот. Ова како што велат упатените е случај во сите јавни здравтсвени установи, и тоа како за општи лекари, така и за специјалисти, но и за средно медицинскиот кадар како медицински сестри, лаборанти и слично.