Нашето тело ни праќа знаци за здравјето преку различни канали, само треба да знаеме како да ги препознаеме. Следењето на менструалниот циклус е многу важно, бидејќи ако забележите некакви неправилности, можеби вашето тело на тој начин сака да ви каже дека нешто не е во ред. Промените во бојата, фреквенцијата, протокот на крв и некои други разлики можат да откријат одредени медицински нарушувања на кои мора да се внимава.
- Светло розова менструална крв
Ако земате контрацепциски пилули, нормално е крвта да биде светло розова. Ако не земате, но имате таква боја, тоа може да биде знак на хормонална неурамнотеженост, што е сериозна состојба. Би требало да закажете преглед кај ендокринолог за да ја утврдите причината.
- Грчеви и долги циклуси
Грчевите и невообичаено долгите циклуси се знак на предупредување што не треба да се занемари. Ова може да биде симптом на сериозни здравствени проблеми.
- Ненадејни крвавења
Единствениот пат кога крвавењето е нормално е за време на циклусот. Ако забележите крвавење помеѓу циклусите, би требало да го посетите вашиот гинеколог. Тој може да ви каже дека тоа е нормално ако сте на пилули, но ако не сте, тоа може да е знак на покачено ниво на естроген или први симптоми на рак.
- Можна бременост
Ако вашата менструација доцни, можно е да сте бремени. Но ако не сте бремени и ви доцни, тоа е знак на дијабетес и треба да се посоветувате со вашиот гинеколог. Вашиот циклус треба да биде има црвена боја со нијанса на брусница, што е знак дека сè е во ред. Вашата матка е здрава. Тоа исто така значи дека имате нормална количина на железо во крвта.