Изјвата на министерот за здравство Венко Филипче дека лековите со рецепти ќе можат да се подигнуваат од аптека само лично, предизвика бура на социјалните мрежи. Но, интересно, таа изјава ја нема на сајтот на Министерсвото каде е пренесено кажаното од министерот.
Ова е линкот:
Таа изјава ја нема ни во видеата на низа медиуми. Очигледно кратено. Па остана недоразјаснето што точно рекол Филипче. Што точно рекол Филипче во скратениот дел?
Еве ја изјавата снимена од ТВ АЛФА (1:10 мин- 1:32 мин):
„Во суштина тоа значи пратење на лекот, односно ќе може лекот да го подигне само пациентот на кого му е препишан лекот и кој што лично доаѓа во аптека да го преземе, освен за лицата кои се неподвижни но и за нив има развиен механизам како ќе се издаваат тие лекови“.
Останува Филипче да објасни каква разлика има кога лекот не го подигате лично, а тој што го подига лекот носи со себе ваша здравстена книшка и рецепт на кој се запишани податоците од книшката. Останува да објасни и што е со бебињата, помалите деца, старите, болните кои се подвижни но сепак се болни и подобро е да останат дома (изнемоштени, пациенти со грип кои е подобро да не влезат во просторија со десетина други па да ги заразат и нив итн.)
Оваа мерка доаѓа по изјавата на Заев дека имало манипулации со рецептите, но ниту Заев не објасни како тие наводни манипулации се правени.