После повеќе од две децении искуство како адвокат кој застапувал луѓе затруени со храна, постојат некои јадења кои Бил Марлер никогаш не би ги порачал во ресторан или воопшто не би ги јадел некаде.

Во 20 години работа со вакви случаи во кои осигурал повеќе од 600 милиони долари оштета, Бил дошол до заклучок дека постојат пет видови јадења кои треба да  ги прескокнете на менито.

Салата

Ова е избор на јадење кое многумина го сметаат за здраво, но тоа е еден од најризичните оброци во ресторан. „Побрзо би јадел суши отколку салата“, вели Марлер и открива дека салатата и другата сирова храна се полни со бактерии кои носат разни зарази.

Сладолед од автомат

Работниците често не ги следат сигурносните мерки па затоа чистотата на сладоледот од автомат е доведена во прашање и може да предизвика големи проблеми, а во сладоледот може да се најде и мувла.

Сирово месо

„Прескокнете го средно печениот хамбургер и добро испечете го, ако ви смета вкусот, ставете му кечап“, вели Марлер и додава дека месото мора да биде подготвено на 70 степени за да се убијат бактериите како што е ешерихија коли и салмонела.

Шведска маса

„Никогаш не јадам храна од шведска маса, секогаш нарачувам од мени“, вели овој стручњак ко вели дека шведската маса има поголем ризик за излагање на бактерии затоа што луѓето ја допираат, киваат на неа и имаат секаков контакт со нeа.

Храна од странство

Марлер смета дека труењето со храна е најдобро да се избегне ако с конзумира храна која поминала низ што помалку раце во рестораните кои имаат сигурносна политика.

„Од јагодите од Египет може да добиете Хепатитис А, но веројатно воопшто не би требало да јадете јагоди од Египет“, изјавил адвокатот.

Тој потенцира уште неколку работи кои не треба да се јадат заради безбедносни здравствени причини, а во последно се актуелни.

Непрочистена вода

Ова е тренд кој е актуелен особено во Силиконската долина. Тој вели дека треба да имате на ум дека кога сакате да се напиете вода од некој поток, во неа може да има измет од некое животно.

Живи школки

Марлер вели дека болестите од морска храна се зголемени последните пет години. А причина е затоплувањето на светските води. Со зголемувањето на температурата, се размнжуваат и микробите.

Претхадно исецкано овошје и зеленчук

Тоа е бидејќи голем број луѓе биле во допир при лупењето и сецкањето.

Незготвено брашно

Последните години е тренд да се јаде живо тесто, или како американците би го нарекле „cookie dough“. Марлер потенцира дека брашното може да биде носител на бактерии, како што е салмонела или ешерихија коли.