Се што се случува внатре во организмот со време почнува да појавува надворешно, односно на косата, на ноктите и на кожата. Тоа значи дека треба да се паничи за скршен нокт туку да се следат знаците и големите промени, за да се дојде до причината која не смее да се занемари. Важно е прво да знаете како треба да изгледаат здравите нокти. Тие треба да бидат со светло розова боја, слична на вашиот тен, а во дното да е посветлиот дел во вид на полумесечинка, со мазна површина.
Еве какви знаци на пореметувања на организмот може да ви сигнализираат ноктите.
Белите точки кои не се многу опасни се знак за стрес, генетика или некаква повреда. Бели нокти со темни рабови може да укажуваат на болети на црниот дроб, како на пример хепатитис.
Суви и кршливи нокти кои постојано пукаат, освен ако не се од пречесто лакирање, може да бидат знак на некои габични инфекции, недостааток на витамин Б или калциум, а може да упатува и на болести на штитната жлезда.
Жолтило на ноктите во поголем број случаи е габично заболување, Доколку не се излечи навреме може да се предизвика задебелување на ноктите. Но во поретки случаи може да биде проблем со штитната жлезда, болести на белите дробови, дијабетес и псоријаза.
Синкасти или сиви траги на ноктите се знак дека до екстремитетите не доаѓа доволно кислород. Затоа треба да се направи детален преглед на крвните садови.
Црвенило и воспаление на средина на ноктот, чувствителност при допир може да биде знак за некое автоимуно заболување како лупус, пореметување на конективните ткива или дури срцеви заболувања.
Бледило или белило на ноктите може да биде знак на анемија или на промени на црниот дроб.
Ребреста површина на ноктите со вертикални линии може да се појават во повозрасни години, но хоризонталните линии може да наговестуваат сериозни проблеми.
Темните линии под ноктите се причина за брзо реагирање затоа што тоа може да биде знак за меланом. Но сите овие знаци на ноктите немора сто процентно да укажуваат на некоја тешка болест. Ако траат многу кратко тогаш не се треба да се паничи. Но ако се долготрајни треба да се извршат прегледи и анализи и консултации со лекар.
Раслојување на ноктите и пукање на површината, може да биде од преголема употреба на лакови, отстранувачи, некои хемикалии и од пречесто перењеили миење на рацете. Но може да значи и недостаток на витамини и минерали, како и хормонален дисбаланс. Кршливите нокти покажуваат евентуалнио проблеми со штитната жлезда. Белите нокти укажуваат Ноктите што се виткаат укажуваат на проблеми со белите дробови.
Заоблени нокти завиткани кон долу укажуваат на проблеми со дишниот систем, со органите за варење и црниот дроб, но и на болести на срцето. Но доколку таквиот облик е наследен, нема ништо од овие претпоставки.
Вдлабнати нокти се последица на недостаток на железо, ако има комбинација може да се проверат бронхиите. Белите пруги на ноктите откриваат болести на бубрезите, но можен е и недосаток на протеини. Бели дамки сигнализираат на недостиг на цинк или габична инфекција.
Дерматолозите советуваат да се следат промените на ноктите. Негата само отстранување на последиците, но, не и на причините. Нахранете го организмот одвнатре, проверете ја крвната слика и другите индикатори кои укажуваат на некакви промени.