Швајцарците треба да размислат за ослободување од навиката секојдневно да се поздравуваат со бакнување во образ, изјави швајцарскиот министер за здравство Алан Берсе.
Во Швајцарија и соседна Франција, вообичаено е жените и лицата од спротивен пол да се поздравуваат со бакнеж во образ, но за разлика од другите западни земји, Швајцарците се бакнуваат по трипати.
– Знаеме дека држењето растојание во друштво е најдобриот начин да се забави ширењето на вирусот. Затоа, би требало сериозно да се размисли за тоа луѓето да се откажат од поздравување со бакнување, рече Берсе.
Вчера, францускиот министер за здравство Оливие Веран ги советуваше Французите да не се ракуваат поради епидемијата на вирусот корона, но не кажа ништо за бакнувањето.
Швајцарија и Франција граничат со Италија, каде изби најголема епидемија на Ковид-19 во Европа.