Штитната жлезда е одговорна за регулацијата на метаболизмот. Според нејзината работа се одредува и со која брзина ќе се согорува храната, но и ја контролира хормоналната рамнотежа во целото тело.
Иако постојат три нарушувања кои се последица од неправилната работа на штитната жлезда и секое се манифестира на различен начин, постојат 10 симптоми на кои треба да обрнете внимание, а кои се заеднички за нив:
Постојан замор
Ако чувствувате константен замор, дури и кога сте спиеле 8-10 часа, одете на лекар и побарајте хормонална анализа.
Нагли варијации во телесната тежина
Ако нагло се здебеливте, а не променивте ништо во исхраната, тоа може да е знак на хипотиреоза. Обратното пак, е знак на хипертиреоза.
Променливо расположение
Ако без логично објаснување ви се случуваат епизоди на анксиозност и меланхолија, па дури и депресивност, тоа може да е знак дека вашата штитна жлезда не работи како што треба.
Болки
Изненадните болки во мускулите, зглобовите, тетивите, каде и да е на телото, може да се знак на хормонален дисбаланс.
Репродуктивни проблеми
Хормоналната нерамнотежа може да предизвика и проблеми со зачнување, нарушување на менструациите, како и намалување на сексуалната желба.
Постојано ви студи
Ако цело време ви се ладни дланките и стапалата, тоа може да биде еден од знаците дека работата на штитната жлезда е нарушена.
Проблеми со косата, кожата и ноктите
Ако косата ви е премногу сува или премногу ви се мрси, ноктите се кршливи, кожата е нетипично сува и подложна на оштетување, ова се вообичаени појави при хормонален дисбаланс.
Опстипација
Поради побавниот метаболизам, може да се случи и лоша работа на цревата.
Когнитивни проблеми
Лошото памтење, неможноста да се сконцентрирате и слични проблеми укажуваат на лоша работа на штитната жлезда.
Проблеми со грлото, зарипнатост
Нарушената работа на штитната жлезда предизвикува болки во грлото, зарипнатост, зачестено ‘рчење, отежнато дишење при спиење…