Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) во соработка со Инспекторатот на Град Скопје констатирале дека од страна на приватната здравствена установа „Синлаб“ во кеси се одлага медицински отпад во јавни контејнери.
По извршените инспекциски контроли, ДСЗИ со решение ја задожил „Синлаб“ да врши прописно собирање, селектирање и пакување на медицинскиот отпад, кое е регулирано со Правилникот за начинот на постапување со медицинскиот отпад, како и начинот на негово пакување и обележување.
За постапувањето спротивно на одредбите од овој Правилник предвидена е глоба, па оттаму и во овој случај следува спроведување прекршочни санкции за сторителите на прекршокот.
Но не е само Синлаб како институција која работи со ваков тип на отпад, кај се и на кој начин го регулираат тоа другите приватни лаборатории низ главниот град?
Како и на кој начин се ракува и се отстранува медицинскиот отпад во лаборатории кои работат како приватни институции и нудат асортиман на услуги на македонските пациенти и тоа од земање на крв, урина па, се до брисеви и други микробиолошки и биолошки примероци од хумано потекло. Дали некој знае, води евиденција и ја проверува работата на овие лаборатории и што прават тие со медицинскиот отпад на кој начин ракуваат со него и како истиот го дислоцираат? Дали имаат соодветен персонал кој се грижи за правилно селектирање и отстранување на овој отпад од приватните лаборатории или не? Службите дали се будни и на штрек?
Проверка треба да има се работи за здравјето на сите нас! – посочуваат загрижени граѓани со кои разговаравме во текот на денешниот ден.