Официјално е објавено дека најмладиот принц, инаку петти во наследната линија за престолот на Обединетото кралство, ќе се вика – Луис Артур Чарлс.

Неговото кралско височество принцот Луис од Кембриџ – гласи титулата на малиот принц.

Шпекулациите за името почнале веднаш по објавата дека Кејт е бремена, а кога станува збор за машки имиња, проценките на обложувалницата “William Hill” биле дека најверојатно ќе се вика Артур, Алберт, или Џек.

Според “Mirror”, Принцот Вилијам во една прилика изјавил со Кејт чекаат момче, и дека би сакал да се вика Џек. Како резултат на тоа обложувалниците го намалиле коефициентот за името Џек, па “Ladbroks” нудел коефициент 25/1.