„Вертикалната диета е нутритивна рамка базирана на ефектот. Се темели на високо биорасположливи микронутриенти кои ја поддржуваат структурата на лесно сварливи макрохранливи состојки, кои можат посебно да се прилагодат на потребите на вашето тело“, објаснува основачот на овој начин на исхрана, бодибилдерот Стан Ефердинг.
Кај оваа диета, карактеристично е консумирањето ограничен број намирници кои се хранливи и лесно сварливи. На тој начин ќе зајакнете и ќе бидете способни за понапорно вежбање.
Додека диетата зборува за макронутриенти (протеини, јаглехидрати и масти), вниманието е насочено на микронутриенти (витамини, минерали и антиоксиданси)
Зошто е позната како вертикална диета?
Замислете превртена буква Т. На дното (темелот) имате хранливи состојки – млеко, спанаќ и моркови, јајца, лосос и компир.
Овие производи не се вклучени во исхраната за да ги надополнат калориите, туку треба да ги јадете во мали количини, бидејќи се богати со хранливи состојки.
Наместо тоа, главниот извор на калории доаѓа од вертикалниот дел на буквата Т, особено од црвено месо (по можност бифтек, но и јагнешко) и бел ориз. Тоа значи дека треба да ја зголемувате количината на ориз (вертикално) како што минуваат деновите.
„Не станува збор за големи количини, туку за задоволување на вашите протеински потреби со бифтек, наместо со пилешко и риба кои не се претерано хранливи“, вели Ефердинг.
На менито треба да се најдат и пченица, интегрален ориз, грав и зеленчук, како што се карфиол и аспарагус.
Дали оваа диета е здрава?
Исхраната се базира на производи богати со хранливи материи и не исфрла ниту една поголема група на производи.
Ефердинг исто така тврди дека таа не подразбира ограничување или гладување, што е секогаш добро.
Деталите околу исхраната се малку нејасни (што значи дека морате да купите програма од 100 долари за да видите што точно содржи менито), а според Кристин Киркпатрик, диететичарка и советничка, оваа диета е премногу ограничена.
„Се чини дека вертикалната диета содржи голема количина на протеини и зеленчук, но всушност е многу рестриктивна кога се во прашање производи богати со хранливи материи и влакна, како што се интегралниот ориз, гравот и зелјестиот зеленчук“, објаснила таа.
Иако овој план може да се прилагоди на повремени постови и љубители на палео-диетата, тој дефинитивно не е прилагоден за вегетаријанците или веганите.