Скок на бројот на нови случаи позитивни на коронавирус, регистрирани 33 новозаболени, властите без заклучок за причините

Скокот во бројот на нови инфицирани со КОВИД-19 – потврдени 33 случаи за 24 часа, од кои најмногу во Скопје (11) и во Велес (девет), ќе се следи деновиве за…

Скокот во бројот на нови инфицирани со КОВИД-19 – потврдени 33 случаи за 24 часа, од кои најмногу во Скопје (11) и во Велес (девет), ќе се следи деновиве за да се утврди дали е случајност или некоја варијација, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Ова доаѓа откако по неколку дена пад на бројот за новозаразени вчера повторно се зголемија случаите на новорегистрирани случаи. Покрај новите заразени во Скопје и Велес, во евиденцијата за претходните 24 часа вчера беа регистрирани и пет новозаболени во Прилеп, по двајца во Куманово, Тетово и Битола и по еден во Штип и Крива Паланка.

Според Филипче, тоа се резултати од само еден ден и од нив засега не може да се извлече заклучок за скокот.

– Во неколку наврати имавме слични сценарија со значајно мал, но и значајно голем број заболени, во еден момент имаше и над 100 новодијагностицирани, рече министерот, додавајќи дека денеска и утре ќе направи анализа за причините.

Вчера беше регистриран и уште еден починат пациент – на 70-годишна возраст од Велес, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес Со него, вкупниот број на починати од заразата достигна 89. Од почетокот на епидемијата во земјава, потврдени со КОВИД-19 се 1572, оздравени се 1079, а активни случаи има 404.


Related Articles