Пациентот од Скопје кој почина по пат накај болницата ГОБ 8-ми септември, бил на возраст од 45 години и имал зголемена телесна тежина. Тој бил позитивен на коронавирусот, а телесната тежина претставувала само дополнителен фактор за настанатата смрт.

Скопјанецот неколку дена се лекувал дома од пневмонија, а во болница бил донесен од неговата мајка. Според дел од лекарите, зголемената телесна тежина и дијабетесот можат да бидат негативен фактор во борбата со коронавирусот. За овие две состојби се уште не е докажано дека влијаат врз зголемување на смртноста од коронавирусот.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, возраста на заболените од коронавирусот во Македонија се движи од 2 до 91 година. Најголемиот дел од заболените се на возраст од 50 до 59 години, а најголемиот дел од заболените од коронавирус се женски лица.