Џафер Ќатовиќ со здравствени проблеми кои го спречуваат самиот да се грижи за себе, живее во тешки услови и единствено примање од минимална пензија од 9ипол илјади денари.
Неговата приказна пред камерата на Канал 5 ја раскажа неговата ќерка Мирсада. Таа е невработена. Раскажува дека доколку би работела некаде со полно работно време ќе нема кој да се грижи за нејзиниот татко кој е врзан за креветот.
Пред една година доставиле барање за нега, но биле одбиени поради неисполнување на условите.
За конкретниот случај од наделжното министерство за труд велат :
Но, ова не е единствен одбиен случај. Министерката за труд Рашела денеска на прес конференција иако не одговараше на прашања за конкретни случаи рече дека слични вакви над 11 илјади случаи за нега стојат во фиока.
Мирсада и Џафер освен институционална бараат помош и од граѓаните кои се во можности да им пружат било каква помош. Велат не бараат многу – само помош која ќе им овозможи да ги задоволат основните животни потреби.