Револтирани лекари, незадоволни пациенти. Мала реализација на најавуваните клучни реформи во здравството. Додека стариот пропаѓа, изградбата на новиот клинички се уште е на стенд-бај. Проектот со фирмите што требаше да го градат Клинички „Гранит“ и „Бетон“ и италијанската „Инсо системи“, не се реализира, а освен најави, нема конкретен план за изградба на нов Центар. Граѓаните револтирани што здравството продолжува да тоне. Не веруваат дека во наредните години ќе има нова и функционална државна клиника. Лекарите добија повисоки плати заедно, и за специјалистите од јануари ќе има дополнителни 10%.
Ветувањето за 100.000 дернари плата и натаму останува само ветување. Премиерот ветува дека ќе ги добијат ама во 2020, меѓутоа лекарите се незадоволни поради пролонгираната мерка.
Не само ветените повисоки плати. Во здравството нема ништо ниту од ветените инвестиции.
Јавно-приватни партнерства со себе носат ризици, дел од профитабилните установи на крајот и целосно да се приватизираат, но според министерот ваквите постапки биле далеку од приватизација.
За првпат оддел на државна клиника се сели во приватна болница. Државата одлучи преку договор за јавно-приватно партнерство, бизнисот „детска кардиохирургија“ да му го даде на „Жан Митрев“. Сега операции на срце кај новороденчиња и деца ќе се вршат во оваа приватна болница. Следна на удар е Брза помош. Засега само се изработува физибилити студија, за оправданоста, приватниот сектор да ја финансира и да стопанисува со неа преку ваков договор.
Министерот не се откажува од јавно-приватните партнерства, а ниту од 35 милионскиот тендер за набавка на лабораториски реагенси за крвни анализи. Од неофицијални извори, разговарајќи со еден доктор и неколку пациенти кои чекаа кај него во ординацијата ни посочија дека директорот на ФЗОМ Ден Дончев иако со министерот за здравство Венко Филипче најавиле дека ќе има лекови во текот на целиот месец, дека квотите ќе бидат подигнати, тоа не се случило или не онака како што беше ветено. Лекови за болните ќе има по аптеките ама само до 10-ти во месецот и потоа се останато ќе биде приватно, како и да се сврти оваа власт со сите нејзини ресорни министерства удира само по народот.
А згора на се за маката на болните да биде поголема, наместо повеќе лекови на позитивна листа и бесплатни лекови за граѓаните, се случува обратното, листата со лекови останува иста, ама затоа лековите поскапуваат. Во меѓувреме незадоволство на пациентите расте.
И граѓаните се незадоволни од целокупниот здравствен систем, велат, не веруваат дека проблемите ќе се решат, додека македонските пациенти се нервозни и напнати од погрешните потези и донесени одлуки на министерот, тој пак вели „се чекори напред, по вистинскиот пат“.
Ако се движиме напред, г-не Филипче, ако народот треба да ви верува на вашите постапки и донесени одлуки, ако треба да веруваме на вашиот збор за вакцините каде во ризик се ставаат сите наши деца, зошто тогаш вашата внука ја сликате како ја вакинира сестра со капаче на иглата??????????…Се глуми скромност? – родителите коментират по социјалните мрежи
Народот прашува, народот гледа, народот проценува и народот збори на социјалните мрежи се што правите г-не министре, немојте ни за момент да заборавите дека сте сами во целата работа, очите на цела Македонија се вперени во вас. – порачуваат родителите преку социјалните мрежи