И сметководителите веќе ги чувствуваат последиците од новонастанатата економска ситуација поради коронавирусот.
Тие денеска, како што најавија, ќе соопштат конкретни предлог-барања за поддршка.
-Правните лица за кои се вршат сметководствени услуги, се веќе погодени од кризата и им е намалена ликвидноста, а тоа се одразува со задоцнетото подмирување на обврските. Многу од нив најавуваат и затворање на своите бизниси, со што повеќе од извесно е дека приходите брзо опаѓаат, стои во најавата за прес-конференцијата на Комората на сметководители, закажана за денеска.