„Снежен град“ на Попова Шапка

Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје од 16 до 21 февруари годинава на Попова Шапка ќе ја организира и реализира традиционалната детска манифестација „Снежен град и карван“. Учесниците на оваа манифестација,…

Детскиот културен центар „Карпош“- Скопје од 16 до 21 февруари годинава на Попова Шапка ќе ја организира и реализира традиционалната детска манифестација „Снежен град и карван“.

Учесниците на оваа манифестација, што се одржува по 43 пат, ќе бидат сместени во хотелот „Славија“-ЕЛЕМ, кој е и соорганизатор на манифестацијата.

-Учесници – градители на Снежниот град се ученици од повеќе основни училишта од Скопје. Сите тие се екипирани по петнаесет деца со свој ментор и со потребните алатки, градат склулптура каде ја прикажуваат својата креативност и талент. Децата кои учествуваат на Снежен град користејќи ја својата фантазија се вистински уметници кои си играат со снегот и го претвораат во објект кој што тие си го замислиле. Веруваме дека како и секоја година ќе направат впечатливи, уметнички скулптури, соопшти ДКЦ „Карпош“.

Во рамките на манифестацијата, како што наведува Детскиот културен центар, се одржуваат и други активности од забавно – рекреативен карактер, како што е избор на Снежната убавица, спортски игри и натпревари во пинг понг, билијард, шах, училишна квизотека, пикадо, снежен крос, најслатка бонбона, снежно бинго, бал под маски, забава и танцување во дискотека за учесниците на Снежниот град.

На 21 февруари децата – градителите заедно со директорката на ДКЦ „Карпош“, Билјана Лалчевска Серафимовска, свечено ќе го отворат „Снежниот град“, за сите посетители кои ја сакаат оваа уметност и ќе имаат можност да ги разгледаат ремек делата на малите креативци направени од снег.


Related Articles