Велес, Пробиштип, Скопје и Лојане се црните точки на мапата каде во и на земјата има концентрации на тешки метали и неколку пати повеќе над дозволеното.

Македонија нема се уште правилник за утврдување на висината на штетните тешки метали во земјата, недостаток на средства за да се направат стратегии како почвите да се исчистат. За професорот Стафилов овие метали не се само на почвата туку и преку ветрови се пренесуваат и во воздухот. Таков е случајот во Велес и Пробиштип.

Иако затворени пред децении рудникот кај Лојане е се уште место каде тешките метали секојдневно се во почвата, воздухот и водата. Засега она што каде се почнува е во Охис, од тешки метали во некогашната хемиска фабрика живата во самиот круг на фабриката е во екстремно високи количини.

Затворените фабрики се се уште големи загадувачи. Светла точка е што приватните концесионери на неколку рудници ги покриваат јаловиштата со посипување на земја и пошумување.