На социјалните мрежи се споделува информација дека маж на возраст од 33 години од Битола, починал поради лекарска негрижа.

Според статус објавен на Фејсбук, битолаченцот при скијање си го повредил коленото, па му бил направен хируршки зафат, а потоа бил пуштен на домашно лекување.

Но, поради лекарска негрижа не му бил даден антикоагулант или конкретно „Клексан“  и младиот битолчанец починал.