Над 20 илјади граѓани веќе закажале термин за вакцинација од сезонскиот грип во трите поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров, информираат од Министерство за здравство. Д-р Бурак Шабани од Центарот за јавно здравство, вели дека заинтересираноста е голема.

Проф. Д-р Невзат Елези од Здружението на лекари вели дека има недостиг на бесплатни вакцини, но постојат комерцијални вакцини кои чинат 650 денари.

Во разговор со пациенти кои се повозрасни и се заинтересирани да примат вакцина против грип дојдовме до информација дека доколку сакаат да го сторат тоа мора да имаат прво закажан термин.

Од Министерството за здравство велат дека треба да стигнат уште 14.400 дози вакцини и ги повикуваат граѓаните да се вакцинираат против сезонскиот грип со цел да го штитат нивното и колективното здравје.