Општоприфатеното мнение вели дека водата најдобро оджеднува, но како што се наведува во новото истражување на шкотскиот Универзитет Сент Ендрјуз, има еден друг пијалак што многу подобро ќе ве хидрира… Тоа е сок со малку шеќер, масти и протеини.
– Причината зошто овие напивки подолго нѐ држат хидрирани е поврзана со начинот на кој телото реагира на сокот. Еден од факторите е испиената количина – колку што повеќе пиете, толку побрзо пијалакот се празни од желудникот и оди во крвотокот. Друг битен фактор се хранливите состојки, објаснува проф. Роналд Моган.
Сепак, таа препорачува – умерено со шеќерите. Во таа смисла, водата е подобар избор од стандардните газирани сокови.
Хидратацијата ги чува зглобовите и помага во спречувањето инфекции. – Ако сте жедни, телото само ќе ви каже да пиете повеќе, вели проф. Моган.
Во однос на алкохолот, таа нагласува дека појаките алкохолни пијалаци само ќе ве дехидрираат, а оние поблагите – не. Кога станува збор за кафето, сѐ зависи од количината кофеин што ја конзумирате. На пример, обично кафе со 80 милиграми кофеин хидрира како и водата.
Консумирање на над 300 милиграми кофеин за кусо време би можело да има спротивен ефект