Сончево и многу топло – вакво време, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи нè очекува денеска во земјава. Ќе биде до умерено облачно и ќе дува слаб до умерен ветер, главно од северен правец.
Во западните делови од земјата попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Минималните температури во земјава денеска ќе се движат во интервал од 14 до 20 степени Целзиусови, а максималните ќе се искачат од 31 до 42 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 10.
Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло. Попладне, според УХМР, можна е мала до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални 18 до максимални 40 степени.
Високите температури ќе се задржат во текот на наредниот период.