На еден портал излезе информација дека возило на Брза помош 20-тина минути било заглавено на улицата 50-та дивизија, која се наоѓа веднаш под комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје и само еден од бројните автомобили кои беа пред него, се тргна на страна за да даде предност.

 

Иако на самото возило биле вклучени ротационите светла, и сигнализирало ниту еден од возачите не му дале предност. Тоа говори дека сообраќајната култура во нашата земја е на многу ниско ниво дури и кога се работи за човечки живот.