Сите оние наши читатели кои после велигденските пости се грижат нагло да не ги вратат изгубените килограми или едноставно сакате да ја задржите формата која толку сте се труделе да ја постигнете, во тој случај имаме неверојатна комбинација на состојки, вкусен шејк кој ќе го продолжи чувството на ситост и ќе го спречи непотребното грицкање меѓу оброците.

Состојки:

– 1 рака кељ

– 1 исчистено јаболко

– 1 исчистен грејпфрут

– 1 шолјичка вода

– 1/2 шолјичка јогурт

– 1 супена лажица мед

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте.

Темнозелените листови од кељот се одличен извор на калциум, а бројни истражувања открија дека тој ја игра клучната улога во регулирањето на нивото на телесни масти.

Протеините од јогуртот ќе ја зголемат ситоста и ќе ви помогнат да го избегнете грицкањето на многу калорични нешта меѓу оброците. Уживајте и одржувајте се.