Издвоени 300.000 денари наменети за лекување на малата Михаела во Љубљана, Словенија
Советот на Општина Гевгелија, на последната 49. седница, одобри финансиска помош евра за лекување на двегодишната Михаела Митровска од с. Милетково, општина Гевгелија.
На предлог од советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ ОК Гевгелија и ОО СДСМ- Гевгелија, со дополнување на дневниот ред, Советот на Општина Гевгелија одлучи едногласно од Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година да бидат издвоени 300.000 денари наменети за лекување на малата Михаела во Љубљана, Словенија.
Имено, на Михаела Митровска ѝ е дијагностициран Енцефалитис- акутно воспаление на мозокот, којшто предизвикува тешко нарушување на нејзиниот нормален развој. Притоа, по неколку лекувања, потребен е дополнителен медицински третман, односно Михаела да замине во Универзитетскиот рехабилитациски институт „Соча“- Љубљана, Република Словенија.
На социјалните мрежи, кружат апелите за донации поради собирање на потребните средства во висина од 15.000 евра за лекувањето на Михаела.