Навиките се дел од секојдневието. Навиките за само-грижа се многу битен дел од тоа секојдневие. Различни генерации создаваат различни навики за само-грижа. Големи се шансите да се запрашаме за некоја навика, „Зошто не го сторив тоа порано?“.

Многумина ги набројоваат здравото однесување, здравата исхрана, вежбањето како дел од здравите навики кои требало да ги почнат порано, но малкумина веруваат дека менталното здравје треба да биде дел од вашиот живот. Фокусирањето на менталното здравје вклучува развој и одржување на силни пријателства во текот на животот.

Луѓето стануваат многу цинични и негативни, кога тие се сами и ретко излегуваат. Многу битна навика која се занемарува и малкумина ја практикуваат е грижата за здравјето. Доволно е еднаш во годината да одвоите неколку дена за да ги направите сите потребни истражувања.

Сепак „не можете да истурите од празна чаша“. Не можете да се грижите за другите ако прво не се грижите за себе. Но само-грижата не подразбира само вежбање или одење на масажа, туку систем на навики кои ќе ви овозможат да бидете избалансирани и полни со енергија за да го постигнете сето она што го сакате од животот.