Во госување во емисијата ТОП Тема на телевизија Телма директорката на Клиниката за ифективни болести д-р Милена Стефановиќ кажа дека амбулантските прегледи се зголемени и се движат околу 60-тина прегледи дневно. Според неа доминираат вирусните инфекции но има и ковид пациенти чија бројка не е голема и се движи околу 2-3 случаеви како и околу 10-тина пациенти со грип. Во однос на хоспитализацијатаа Стефановиќ напомена дека има тешки клинички слики но дека овие пациенти се повозрасни и за очекување е да се има тешка клиничка слика.
– “Во моментов омикрон е вирусот кој е во нашата средина, клиничката слика не е тешка освен кај пациентите кои се подложни на компликации. Нема некое големо изненадување нема нешто што не сме го виделе. Вакцината сеуште функционира но треба да се размислува да се сака, посебно зборувам за пациенти кои се во висок ризик. Вакциниравме оваа година сериозно висок број на луѓе,и доаѓаме до тоа дека здравствената едукација во нашата средина расте. Скоро 60 илјади луѓе вакциниравме што не е многу во вкупната бројка ама бројот се зголемува. Не е тоа доволно но ние мораме многу повеќе“, вели Стефановиќ
Околу лицата кон е се чувствуваат добро Стефановиќ кажа дека не треба да се зимаат лекови на своја рака и посочи дека не сите здрави лекови секогаш носат здравје. Она што е многу значајно според неа е да се внимава на себе, посебно кога човек е настинат и со покачена температура треба да биде сериозен и кон самиот себе и кон здравјето на другите. Таа вели дка во таков случај треба граѓаните да останат дома и да не се биде во комунукација со многу луѓе, и тоа е нешто што е многу значајно. Секоја настинка или вирусна инфекција според неа си бара одмор, односно малку време за себе.
– “Не знам зошто луѓето би требало да изгубат доверба во вакцините. Лажните вести, дезинформации доведува до заблуда посебно до младите родителите. Но навистина сметам дека треба да ги следат сериозно официјалните информации. Не е толку оддамна кога имавме епидемија на морбили во земјата и многу добро знаат родителите кои не беа вклучени во процесот на вакцинирање како ги поминаа морбилите. И не сум баш сигурна дека беа среќни за неколку антиваксерси теории“ кажа Стефановиќ
Околу зголемениот број на заболени од морбили во регионот Стефановиќ вели дека се прати секој нов случај и мора да бидеме свесни дека ќе се менуваат ставовите за вакцинацијата и ќе се носат и нови одлуки. Таа апеираше до сите родители кои промашиле да ги вакцинираат своите деца веднаш да ја надополнат вакцинацијата, и притоа посочи дека нема друга превенција, нема друга метода која ќе се превенира ако родителот не го земе детето и не го однесе на вакцинацијата.