СДСМ и Зоран Заев сакаат да земат и до 178 милиони евра годишно од граѓаните со покачената акциза. Попусти се сите квази мерки на Заев кога тој во континуитет им зема пари од џебот на граѓаните. Буџетот кој што го потрошија на милионски тендери и за вработување на партиски војници во време на смртоносниот вирус, сега сакаат да го полнат со парите на граѓаните, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:
„Покачената акциза е удар врз најсиромашните, земјоделците кои што произведуваат храна и врз стопанствениците кои што извезуваат и го полнат буџетот, за да можат луѓето во зградата зад нас да пијат скап алкохол и да јадат морска риба. Со покачената акциза Зоран Заев директно од граѓаните со сопствени возила зема над 14 милиони евра. На удар се и земјоделците кои годишно покачената акциза може да ги чини и до 45 милиони евра. Земјоделецот кои што треба да произведе храна и да ја прехрани нацијата наместо да се грижи како да дојде до подобар производ треба да се мисли како да собере пари да ги покрие трошоците кои што Зоран Заев од ден во ден му ги зголемува.“
-Транспортерите кои се главната алка при увоз и извоз, само заради покачената акциза на Зоран Заев ќе треба да платат и до 40 милиони евра повеќе. Тоа ќе ги направи македонските производи поскапи и помалку конкурентни, а на внатрешниот пазар ќе влијае на покачување на цените. Погодени од покачувањето на акцизата се и фирмите кои што вршат внатрешен транспорт и ги полнат дуќаните, аптеките и другите продавници на мало. Над 80 милиони евра може да биде штетата врз домашните фирми кои во внатрешниот промет вршат превоз за сопствени потреби, потенцираше Стоилковски и подвлече:
„Со СДСМ имаме само грабеж врз граѓаните, криминал и корупција. Државата тоне. Потребна е итна стратегија за излез на државата од оваа криза. Со СДСМ тоа не е можно. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Зоран Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.“