Молчи власта за „Рекет 3“ на 3 месеци пред избори. Главни ликови во „Рекет 3“ се Венко Филипче и Зоран Заев. И двајцата се единствени што се појавуваат во сите рекетарски афери во Македонија!
Од тука од пред министерството за милионски афери и тендери, бараме одговори.
Зошто се молчи власта за „Рекет 3“?
Зошто во Штип се уште нема болница?
Зошто беше запрена градбата на болницата?
Зошто е прекинат договорот со подизведувачот?
Зошто не е активирана банкарската гаранција на изведувачот?
Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба?
Дали и што договарал Венко Филипче со шоумен во неговиот дом, а во врска со градба на болницата во Штип?
Почитувани,
Името на Филипче е единственото покрај Заев што се споменува и во „Рекет 1“ и во „Рекет 2“ и во „Рекет 3“.
Обвинителството мора сериозно да ја истражи аферата но и да ја преиспита неговата улога во рекетите но и во сите милионски афери при неговата работа во министерството за здравство.