Кинеските власти соопштија дека во петокот е регистриран рекорден број на увезени случаи на заразени со коронавирусот, вкупно 41.
Повеќето заразени се кинески иселеници и студенти кои се вратиле во земјата од САД и Европа.
Како што Кина се опоравува од почетната појава на епидемијата, во јавноста се шири стравување од втор бран бидејќи сите ново потврдени случаи, вкупно 41, пристигнале од странство.
Според податоците на Националната здравствена комисија, досега се регистрирани 269 увезени случаи, кои пристигнале од Кина воглавно преку Пекинг и Шангај, пренесува Ројтерс.
Најмногу увезени случаи биле донесени од кинеските студенти кои студираат во САД и Европа по присилното затворање на студентските домови и кампуси.
До денес, во континентална Кина се регистрирани 81.008 случаи и 3.255 смртни случаи.
Новинската агенција Ксинхуа известува дека властите го одобриле работењето на продавниците во станбените области на делови од Кина каде не се регистрирани нови локални случаи на зараза со коронавирус.