Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 27 јануари (понеделник), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.
Од Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честитаат празникот Свети Сава.