СЗО: Клучно е бавното и одмерено укинување на рестриктивните мерки

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гребрејесус изјави денеска дека бавното, одмерено укинување на рестриктивните мерки е клучно, затоа што скокот во нови случаи на новиот коронавирус…

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гребрејесус изјави денеска дека бавното, одмерено укинување на рестриктивните мерки е клучно, затоа што скокот во нови случаи на новиот коронавирус во Јужна Кореја и Германија предизвика глобална загриженост поради втор бран инфекции.

„Укинувањето на рестриктивните мерки е комплексно и тешко“, рече Тедрос на брифинг.

Тој додаде дека Германија, Јужна Кореја и Кина имаат системи што ќе одговорат на какво било повторување на случаите.


Related Articles