Новите соеви на коронавирусот кои се појавуваат низ светот, СЗО одлучи да ги именува според буквите од грчката азбука. Така соевите познати како британски, јужноафрикански, бразилски и индиски, сега добија букви Алфа, Бета, Гама, Делта според редоследот на откривање. Инаку ваквата одлука е со цел да се поедностави изговорот и да се избегне стигматизација на земјите што го пријавуваат новиот вид.

Другите варијанти продолжуваат понатаму по азбучен ред. СЗО откри нови имиња во понеделникот по критиките дека имињата како B.1.351, 501I.V2 и 20H / 501I.V2, биле премногу сложени.

Изборот на грчката азбука следеше по неколкумесечни размислувања во кои експертите разгледуваа други можности, како што се грчки богови и измислени псевдо-класични имиња, според бактериологот Марк Пален, кој беше вклучен во разговорите.

Историски гледано, вирусите честопати биле поврзани со места за кои се претпоставува дека потекнуваат, како што е еболата, именувана по истоимената река Конго. Но, ова може да биде штетно за местата и честопати неточно, како што беше случајот со таканаречената пандемија „шпански грип“ од 1918 година, чие потекло е непознато, според агенцијата.

-Ниту една земја не треба да се жигосува за откривање и пријавување на варијанти, посочи епидемиологот на СЗО, Марија Ван Керхов.