Коронавирусот зема жртви од сите страни на светот. Секојдневно расте бројот на заразени и починати, а државите со цел да ги заштитат своите граѓани превземаа мерки, прогласија вонредна состојба и истата ја продолжуваат.
Додека пандемијата трае, Светската здравствена организација прогласи продолжување на вонредната состојба за уште 90 дена.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, денес се состанува со владата за официјално да побара четврто продолжување на вонредната состојба поради коронавирусот.
Јапонија ја продолжи вонредната состојба поради коронавирусот до 31-ви мај.
Според Владата во Токио, се уште е рано да се укинат мерките кои беа воведени за да се спречи ширењето на вирусот.
-Ќе го продолжам до 31 мај периодот на вонредната состојба, објавена на 7 април. Одлуката се однесува на сите префектури во земјата, изјави премиер Шинѕо Абе.
Француската Влада донесе одлука да се продолжи до 24 јули, вонредна состојба поради епидемијата со Ковид-19, јавија француски медиуми повикувајќи се на министерот за здравство Оливие Веран.
Вонредната состојба е на сила од 24 март во државата и се очекуваше да биде укината на 23 мај. Но, властите соопштија дека ќе биде прерано и дека ризиците ќе бидат поголеми доколку се стопираат сегашните рестриктивни мерки.
Светската здравствена организација (СЗО) поддржа да остане во сила глобалната мерка за вонредна состојба поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави на брифинг во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
-Пандемијата останува глобална здравствена вонредна состојба, -изјави тој по седницата на Комисијата за итни случаи при СЗО, одржана преку видео конференциска врска.
Албанскиот Парламент со 91 глас „за“ ја усвои одлуката со која вонредната состојба во земјата, поради пандемијата со коронавирусот, се продолжува до 23 јуни.
„Се дава согласност за продолжување на вонредната состојбата поради природна непогода, прогласена со решение бр. 243, од 24.03.2020 година на Советот на министри до 23.06.2020 година“, се наведува во донесената одлука,за која гласаа и пратениците од опозицијата.
Уште голем број на земји, одговорни за здравјето на своите граѓани, одлучија да ја продолжат вонредната состојба.
Но, македонските граѓани се во грч бидејќи кај нас претседателот вели дека треба два пати да размисли дали ќе прогласи уште 30 дена вонредна состојба.
-Ако трендовите се навистина позитивни, дај боже, со цело срце посакувам така да биде, и ако ситуацијата во таа смисла здравствена, со Ковид-19 се смирува, јас ќе размислам два пати дали ќе бидам единствениот кој ќе продолжува – 30, плус 30, плус 30 и така до крајот на годината, истакна шефот на државата.
Додека го чекаат Пендаровски два пати да размисли, граѓаните се во страв.