Министерот за здравство Арбен Тараври денеска преку соопштение реагираше на прес-конференцијата на Европски фронт, на која го обвинија дека врши психолошки притисок врз организациските директори за да се повлечат.
-Од ДУИ имаа реакција каде плачеа зошто е тргната функцијата економски директор во Министерството за здравство. Сосема непотребна позиција со која ДУИ ги имаше „честеше“ своите луѓе. Значи ДУИ и замери на Владата што штеди пари на граѓаните и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ, нагласи Таравари.
Според него на ДУИ и се потребни две работи, добар тим на адвокати за да се брани од обвиненијата што и се подготвуваат и да сфати дека барем сега кога е во опозиција мора да го смени нејзиниот коруптивен менталитет.