Ако ги земете соседните држави, да не се споредуваме со Швајцарија и ако го гледате индексот на морталитет на 100 илјади граѓани, само Македонија е пред заедно да ги ставиме Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Косово и Грција. Сите овие 5 држави имаат помал морталитет отколку само Македонија, вели градоначалникот и доктор Арбен Таравари ексклузивно во интервју за Инфомакс.
Тој испрати жестоки критики на адреса на Владата на СДСМ за справувањето со кризата, односно пандемијата со коронавирусот напоменувајќи дека само денес во нашата држава има 175 нови случаи на коронавирусот имајќи во предвид дека на целиот Балкан вкупно државите немаат олкава бројка. Според него критиките се заслужени бидејќи тоа не го вели тој туку меѓународни релевантни институции кои вршат анализи како државите поединечно се справуваат со кризата.
Не може да се каже дека граѓаните се криви, додава тој, за коронавирусот не знаеа ниту лекарите, не може да се очекува дека тоа ќе го знаат граѓаните, државата е таа која треба да ги едуцира граѓаните.
-Јас ќе се повикам на повеќе меѓународни релевантни институции кои што прават испитувања за тоа како е менаџирана во различни земји кризата или пандемијата со Ковид 19. И ако видите во сите без исклучок има три четири кои што јас сум ги прочитал во сите ние се броиме меѓу најскандалозни, најслабо менаџираните држави. Последната беше не се сеќавам точно на агенцијата на четири нивоа беа градирани сите држави како менаџирале, прва беше Швајцарија се сеќавам и нашите соседни земји беа рангирани во второто или третото ниво. Македонија беше во четврото ниво ако не се лажам на 130 место од вкупно 150 држави. Сакам да кажам ете не велам јас, така велат институции кои што земаат одредени објективни параметри и според тоа го прават рангирањето на државите, вели Таравари за ИНФОМАКС.